Жерар Пике вечерва го изненади фудбалскиот свет со објавата дека се повлекува од фудбалот.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тој имаше договор со Барселона до летото 2024 година, но денеска објави дека ја става крај на кариерата и дека натпреварот против Алмерија ќе му биде последен на „Ноу Камп“.




Еден од најодликуваните фудбалери на сите времиња и човек кој може да се пофали дека ја делел соблекувалната и со Кристијано Роналдо и со Лионел Меси, во своето видео истакна дека после Барселона нема намера да игра за друг клуб.




Пике се откажа од договорот, договорот ќе биде раскинат и Барселона нема да има никакви обврски кон него, што е уште еден убав гест на овој фудбалер.




Колку и „прости“ на Барселона?




Пике добиваше плата од 200 илјади евра неделно, што би значело дека Барселона заштедила 15 милиони евра со договорот до 2024 година.