Дома Фудбал Останато Барселона доби уште една шлаканица пред натпреварот против Јувентус

Барселона доби уште една шлаканица пред натпреварот против Јувентус

Барселона на својот стадион утре ќе го пречека Јувентус во рамките на првото коло од групната фаза од ЛШ.

Лошо изработената работа кога станува збор за трансферите, ја поттикна управата на клубот да пронајде човек кој политиката на трансфери ќе ја одведе на поголемо ниво.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Како што пишува каталонскиот „Sport“, од управата на Барселона го контактирале генералниот директор на Јуве, Џузепе Марота и му ја понудиле оваа позиција во каталонскиот тим. Меѓутоа еден од најважните луѓе на „Старата дама“ без размислување ја одбил понудата.

Како што наведе тој, нема намера да го напушти Торино. За утрешниот натпревар помеѓу Јуве и Барса, Марота смета дека заминувањата на Нејмар во ПСЖ и Бонучи во Милан не ги дестабилизираа клубовите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Италијанците си фантазираат: Веруваат дека уште можат да дојдат до место на Мундијалот!

Репрезентацијата на Италија сè уште задржува мала надеж за учество на Светското првенство …