Барселона покажува сериозен интерес за играчот за врска на Тотенхем, Танги Ндомбеле, пренесува каталонски „Спорт“.




Каталонскиот гигант сака да го засили средниот ред и една од најголемите желби е токму 24-годишниот Французин.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Барселона ќе се обиде да го донесе уште во јануари, но последнит збор секако ќе го има новиот тренер Антонио Конте.




Ндомбеле не добиваше голема минутажа кај Мурињо, но оваа сезона игра почесто, а познато е дека Конте е симпатизер на неговите квалитети.




Меѓутоа, Конте сака да го донесе Франк Кеси, па можно е да му дозволи на Ндомбеле да го напушти клубот.