Како што пренесува „Мундо Депортиво“, каталонскиот клуб сериозно е заинтересиран за талентираниот фудбалер на Ајакс.
Јасно е дека Барса ќе мора што побрзо да пронајде засилувања за последната линијата од тимот. Резултатите од стартот на сезоната се добри, но Бара се до натпреварот со Атлетико немааше посериозен испит во Примера, а против „јорганџиите“ освоија само бод.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Суперкупот беа поразени од Реал Мадрид, примија дури пет погодоци од големиот ривал. Најмногу критикуван беше Жерар Пике кого го сметаат за најслаба алка во дефанзивата на Барселона.
Поради тоа спортскиот директор на Барселона, Роберт Фернандез има за задача да пронајде фудбалер кој ќе се вклопи во филозофијата на Барселона и кој заедно со Умтити би можеле да бидат тандем на долги стази.
Според последните информации решение би можел да биде фудбалерот на Ајакс младиот, Матијас Де Лихт.
Ова момче има само 18 години, дебитираше минатата сезона во тимот од Амстердам, а до денес запиша 28 официјални натпревари.
Дебитираше и за сениорската селекција на Холандија и сигурно дека пред него претстои блескава иднина.
Matthijs de Ligt ya es objetivo número 1 del Barça https://t.co/5rIjdON4xH #Barça #Barcelona pic.twitter.com/MV72xBvyoi
— Camp Nou Digital (@CampNou_Digital) October 18, 2017