Дома Фудбал Англија Барса со нова понуда за трампа, овој пат со Арсенал

Барса со нова понуда за трампа, овој пат со Арсенал

Екипата на Барселона испрати понуда до Арсенал и повторно во прашање е размена на играчи.

Откако Артур Мело го испратија во Јувентус во замена за Миралем Пјаниќ, Каталонците ќе се обидат да направат уште неколку договори, а сега го контактирале Арсенал.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Наводно, Барса на Топџиите им го понудиле Фелипе Кутињо, а во спротивен правец го бараат 21-годишниот Матео Гендузи.

Кутињо од поодмана се поврзува со Арсенал. Каталонците сега ќе се обидат да го искористат за донесување на Гендузи, а во исто време ќе се ослободат и од Бразилецот.

Кога станува збор за Гендузи, и тој не е во плановите на Микел Артета, па ова можеби е вистинска шанса да ја промени средината.

Останува да видиме дали на крајот ќе дојде до договор помеѓу двете страни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Флик доби добро познато име и големо засилување во стручниот штаб

Турбулентно е во Барселона и ова лето и на почетокот на новата сезона, но сега пристигнува…