Дома Топ вести Барса оди од грешка во грешка – Ќе упропстат ли каталонците уште еден трансфер?

Барса оди од грешка во грешка – Ќе упропстат ли каталонците уште еден трансфер?

Екипата на Барселона веројатно поминува низ едно од најлошите лета во нивната историја.

Каталонците одат од грешка во грешка, освен што управата на Барселона поради некои свои постапки го изгуби Нејмар, не успеа ниту да доведе адекватна замена.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Преговорите со Ливерпул за трансфер на Фелипе Кутињо пропаднаа, Борусија Дортмунд не е задоволна од однесувањето на Барселона во преговорите за Осман Дембеле и веројатно имаат право, а сега во слична ситуација е и Ница.

Францускиот клуб е спремен да ги прекине сите конткати со шпанскиот гигант во врска со трансферот на Жан Мишел Сери, иако каталонските медиуми со денови веќе тврдат дека фудбалерот од Барселона го делат само детали.

Наводно, управата на Барселона инсистирала на состанок на денот кога Ница го пречекува Наполи во плеј-офот за Лигата на шампионите, што ја налути управата на клубот.

Покрај тоа, Барселона пропушти шанса да ја активира клазулата која изнесуваше 40 милиони евра бидејќи таа истече пред околу еден месец.

Од Ница исто така се бесни бидејќи во Барселона се обидуваат да ја спуштат цената со еден или двајца фудбалери, но не е познато за кои фудбалери се работи.

Според сегашната ситуација, сосема реално сценарио е Барселона да остане без ниту едно засилување до крајот на преодниот рок, со што ќе приодонесе за голем револт кај Лионел Меси кој веќе одби да го потпише новиот договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Анчелоти може да добие отказ, Реал има спремна замена

Позицијата на Карло Анчелоти во Реал Мадрид веќе не е толку сигурна и Италијанецот може да…