Капитенот на Пари Сент Жермен, Тиаго Силва може да го напушти клубот на крајот на сезоната како слободен агент.
Договорот на 35-годишниот Бразилец истекува на крајот на сезоната, а неговиот агент потврди дека нема преговори за продолжување на соработката.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона сака да ја искористи таквата ситуација и да го донесе Бразилецот на „Камп Ноу“ без обештетување.
Каталонците веќе стапиле во контакт со неговиот агент и му понудиле 2-годишен договор со плата од 5 милиони евра на дефанзивецот.
Тиаго Силва не ја крие желбата да заигра во ист тим со Лео Меси, па е спремен да ја прифати понудата на Барселона.