Дома Топ вести Барса може да биде сурово казнета поради Гризман

Барса може да биде сурово казнета поради Гризман

Шпанскиот шампион Барселона е на радарот на ФИФА поради нерегуларни преговори со Антоан Гризман, кој што има договор со Атлетико Мадрид до 2022 година, тврди „АС“.

Според правилата на Светската куќа на фудбалот еден клуб може да влезе во преговори со фудбалер без дозвола на неговиот клуб само во последните шест месеци од неговиот договор.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


ФИФА започна истрага против Барселона откако претседателот Жосеп Бартомеу призна дека уште во октомври започнале преговори со агентот на Гризман.

Сега раководството на Барса треба да биде многу внимателно бидејќи од жалба од страна на Атлетико може да добие казна од страна на ФИФА. Каталонците еднаш беа санкционирани поради нерегуларни трансфери на малолетни фудбалери, па новата казна би можела да биде уште по жестока.

„АС“ пренесува дека во овој случај Барселона може да добие забрана за трансфери помеѓу 3 и 5 трансферни периоди, а санкција исто така може да добие и Гризман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…