Дома Трансфер зона Барса и Реал го сакаат соиграчот на Елмас

Барса и Реал го сакаат соиграчот на Елмас

Шпанските великани Барселона и Реал Мадрид водат големи битка на и надвор од теренот, а често знаат да „фрлат око“ на исти фудбалери на трансфер пазарот.

Медиумите тврдат дека Барселона и Реал Мадрид ќе водат голема битка за потписот на шпанскиот репрезентативец и член на Наполи, Фабиан Руиз.

24-годишниот Шпанец веќе подолго време игра одлично во дресот на Наполи и го привлече вниманието на шпанските гиганти.

Зидан е голем симпатизер на неговата игра и дал „зелено светло“ за трансферот. Меѓутоа, проблем за „кралевите“ ќе биде конкуренцијата, бидејќи Барселона веќе подолго време го следи Шпанецот и смета дека ќе биде идеален наследник на Бускетс и партнер на Де Јонг во средниот ред.

Наполи нема лесно да се откаже од Фабиан Руиз и за неговата слобода бара 70 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Италијанските гиганти се борат за потписот на ѕвездата на Порто

Италијанските гиганти Милан и Јувентус се силно заинтересирани за ѕвездата на Порто, Отави…