Дома Трансфер зона Барса донесе одлука – ова е првото летно засилување на „Камп Ноу“

Барса донесе одлука – ова е првото летно засилување на „Камп Ноу“

Каталонските медиуми денес потврдија – Барселона донесе конечна одлука да го врати Жерар Делуфеу на „Камп Ноу“.

Делуфеу ќе биде првото летно засилување за Барселона, откако Каталонците одлучија да ја активираат откупната клаузула и да го вратат за 12 милиони евра.


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


Шпанецот во првиот дел од сезоната воопшто не добиваше шанса во Евртон и замина на позајмица во Милан, каде блесна и заработи повик за шпанската репрезентација.

Барса има можност да го врати на „Камп Ноу“ за само 12 милиони евра и сигурно ќе го направи тоа бидејќи неговата цена сега е многу поголема после одличните настапи во Серија А.

Сепак, неговото останување на „Камп Ноу“ ќе зависи од новиот тренер, а медиумите тврдат дека Каталонците можат да го продадат за да заработат.

Приоритет при продажбата секако ќе има Милан кој е спремен да плати помеѓу 18 и 20 милиони евра за да го задржи Делуфеу на „Сан Сиро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус сака уште еден дефанзивец од Милан

Јувентус би можел да ангажира уште еден дефанзивец од Милан. Откако летото „бјанконерите“ …