Извршниот директор на Барселона, Матеу Алемани прави максимални напри да финализира уште два трансфери до крајот на преодниот рок.
Според каталонски „Спорт“ приоритет останува купувањето на напаѓач, а главна цел е Алваро Мората. Со доаѓањето на Влаховиќ во Јувентус, „старата дама“ му ја отвори вратата на Шпанецот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Мората е на позајмица од Атлетико Мадрид, па останува уште „јорганџиите“ да дадат согласност за негов трансфер на „Камп Ноу“ на позајмица со право на откуп.
Агентите на Мората се во Италија и напорно работат да го комплетираат трансферот до 31 јануари.
Другиот трансфер е десниот бек на Ајакс, Николас Таљфико. Холандскиот клуб преферира да го продаде за постојано и веќе има понуда од Марсеј, додека Барса се обидува да го донесе на позајмица со право на откуп.