Дома Трансфер зона Барса бара пари за Видал, Интер не сака да слушне

Барса бара пари за Видал, Интер не сака да слушне

Артуро Видал постигна комплетен договор со Интер, но постои една пречка за реализација на трансферот.

Договорот ќе биде за период од две години со можност за продолжување на уште една. Платата што ќе ја добие Видал ќе биде во вредност од 6 милиони евра.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сега останува фудбалерот да го раскине договорот со Барселона, бидејќи Интер сака да го донесе Чилеанецот како слободен агент.

Меѓутоа, Барселона не сака да го пушти Видал без пари и бара Интер да плати симболична сума, како што беше случајот со Ракитиќ во Севиља.

Интер не се согласува со тој услов и му соопштил на агентот дека очекува Видал да го раскине договорот и како слободен играч да пристигне во Милано.

Видал е примарна желба на тренерот Конте, па останува во наредните денови да видиме како ќе се развива ситуацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал спреми астрономска понуда за ѕвездата на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за плејмејкерот на Милан и холандски репрезентативец Тиж…