Дома Фудбал Италија Барела става потпис следната недела

Барела става потпис следната недела

Откако вчера Лаутаро Мартинез го продолжи договорот со Интер, наскоро уште една ѕвезда ќе стави потпис на нов договор со „нероаѕурите“.

Станува збор за Николо Барела, кој се етаблираше во еден од најдобрите фудбалери за врска во Серија А.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Неговиот договор истекува во 2024 година, но Интер сака да го награди со подобар договор и му ја ветил капитенската лента од следната година.

Италијанските медиуми пренесуваат дека двете страни постигнале договор и следната недела Барела ќе стави потпис  на нов 5-годишен договор.

И оваа сезона Барела игра одлично и на 13 меча постигна 6 асистенции и постигна 1 гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Во Манчестер сити не сакаат да го чекаат Гвардиола, ќе мора побрзо да одлучи!

Управниот одбор на Манчестер Сити формално побара од менаџерот на тимот, Пеп Гвардиола, да…