Дома Трансфер зона Баерн потврди дека не се откажал од Сане

Баерн потврди дека не се откажал од Сане

Првиот човек на Баерн Минхен, Ули Хенес потврди дека клубот ќе ја разгледа опцијата за ангажман на Лерој Сане од Манчестер Сити.

Германскиот интернационалец беше блиску до трансфер во Минхен ова лето, меѓутоа двата клуба не успеаа да се договорат.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Сане остана на „Етихад“ и заработи повреда во првиот настап, но Баварците не се откажуваат од него и повторно ќе се обидат да го донесат во Минхен.

„Бевме многу заинтересирани за него и имавме преговори со играчот, но му се случи таа несреќа, таа ужасна повреда па трансферот пропадна. Мислам дека ќе разговараме во јануари или февруари за да видиме дали ќе тргнеме по него повторно. Тоа е многу веројатно“, изјави Хенес.

Сане одбива да стави потпис на нов договор со Манчестер Сити и е отворен за враќање во Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Погба доби намалување на казната, но Јувентус не го сака: Французинот има две опции

Французинот Пол Погба во текот на вчерашниот ден доби одлична вест бидејќи суспензијата му…