Дома Фудбал Германија Баерн објави: Имаме уште многу пари за трансфери

Баерн објави: Имаме уште многу пари за трансфери

0

Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес изјави дека клубот располага со повеќе од 100 милиони евра за трансфери и може да реагира до затворањето на трансфер пазарот.

„Бордот изгласа 200 милиони евра за трансфери ова лето, но ние успеавме да изградиме добар тим за 90 милиони евра. Имаме се уште многу средства и ако процениме дека имаме потреба од некого, може дополнително да се засилиме“, изјави Хенес.

Во парите за трансфери кои ги спомна Хенес не влегуваат трансферите на Лука Хернандес кој пристигна за 80 милиони евра и Бенџамин Павар за 35 милиони евра, бидејќи пристигнаа уште пред отворањето на преодниот рок.

Секако најголемата ѕвезда во преодниот рок на Баварците е Филипе Кутињо за чија едногодишна позајмица клубот плати 20 милиони евра и ќе има можност следното лето да го откупи за додатни 120 милиони евра.

Со оглед на финансиската ситуација, Баерн воопшто нема да има проблем да го откупи Бразилецот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Големо достигнување на Рамос: Ова им успеало само на четворица „кралеви“

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос стигна до големо достигнување во синоќешната победа…