Раководството на Баерн Минхен донесе конечна одлука да се откаже од намерата за привлекување на ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала.
Аргентинецот беше една од трансферните цели на германскиот шампион, кој ова лето остана без Робен и Рибери. Меѓутоа Баварците се решија да се откажат од Дибала и да побараат други решенија, потвди „Билд“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во моментов најсилен интерес Баерн покажува за Лерој Сане од Манчестер Сити и Осман Дембеле од Барселона. И двајцата се спремни да ја променат средината ова лето бидејќи не добиваат голема минутажа во своите клубови.
Поради тоа раководството на Баерн ќе се насочи кон нив и се надева дека ќе успее да донесе еден од Сане или Дембеле на „Алијанц Арена“.