Баерн Минхен веќе го официјализираше трансферот на Лука Хернандез од Атлетико, но германските медиуми тврдат дека Баварците се спремни да ја платат откупната клаузула за уште една ѕвезда на „јорганџиите“.
Имено, Баерн се вклучил во трката за 22-годишниот шпански репрезентативец Родри, кој е мета исто така на Манчестер Сити.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Родри идеално се вклопува во карактеристиките на фудбалер од средината на теренот каков што бараат Баварците, па наводно се спремни да ја платат откупната клаузула која изнесува 70 милиони евра.
Сепак, ќе мораат да ја победат конкуренцијата, бидејќи Родри е примарна трансфер цел и на Пеп Гвардиола, кој веќе стапил во коннтакт со фудбалерот.
Родри исто така е спремен да ја промени средината ова лето, па останува да видиме дали ќе го избере Баерн Минхен или ќе се пресели на „Етихад“.
Internally at the club, it's said that Atlético Madrid midfielder Rodrigo Hernández is the reason Hasan Salihamidžić was in Madrid. Bayern have been looking since winter for a ball playing number 6 for the upcoming season [Bild & SportBild] pic.twitter.com/QYXQuCXI7N
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) May 23, 2019