Како што пренесува германскиот „Билд“, Баерн Минхен е многу заинтересиран за играчот за врска на Атлетико Мадрид, Родриго Ернандез, познат како Родри.
Шпанецот минатото лето пристигна на „Ванда Метрополитано“, одигра добра сезона во дресот на Атлетико Мадрид, па интерес за неговите услуги покажа Манчестер Сити. Имаше шпекулации дека „Граѓаните“ се подготвени да ја платат неговата откупна клаузула од 70 милиони евра, но сега Баварците се вклучија во целата приказна.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според пишувањето на „Билд“, Баварците дури испратиле и понуда за неговите услуги, но нема информации за кој износ станува збор. Баерн неодамна соработуваше со Мадриѓаните, кога ја активираа откупната клаузула во договорот на францускиот репрезентативец, Лукас Ернандез, во износ од 80 милиони евра, па изгледа дека дефанзивецот би можел да добие добро познато друштво.