Дома Фудбал Италија Ањели предложи делумно отварање на стадионите во јули

Ањели предложи делумно отварање на стадионите во јули

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели предложи делумно отварање на стадионите во Италија во јули.

Италијанската Серија А официјално ќе продолжи на 20-ти јуни, а полуфиналните натпревари од Купот ќе се играат на 12 и 13 јуни, а според проколот сите натпревари ќе се играат без публика.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Рестрикциите поради коронавирусот се на сила во многу земји, па скоро секаде во Европа фудбалските натпревари се играат без публика.

Сепак, Ањели предлага од следниот месец стадионите делумно да се отварат за публика. Имено, планот е да се дозволи 25% од капацитетот на стадинот со задолжително одржување на социјална дистанца.

Тоа значи дека на големите стадиони како „Сан Сиро“ и „Олимпико“ би можело да има помеѓу 15 и 20.000 луѓе на трибините.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Интер, Милан и Јувентус се „тепаат“ за новата италијанска ѕвезда

Откако го обезбеди привлекувањето на напаѓачот на Парма, Анже-Јоан Бони, Интер има намера …