Дома Фудбал Италија Ањели: Прашајте во Министерството дали Роналдо го прекршил законот

Ањели: Прашајте во Министерството дали Роналдо го прекршил законот

Кристиано Роналдо во текот на репрезентативната пауза доби позитивен тест на коронавирусот, а веднаш потоа со приватен авион се врати во Торино и неговото враќање беше предмет на расправа.

Италијанските новинари ги интересираше дали Роналдо ги прекршил здравствените протоколи и законот на Италија со тоа што во земјата дојде со позитивен тест.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Министерот за спорт Виченцо Спадафора смета дека Роналдо ги прекршил здравствените протоколи со тоа што заразен влегол во земјата, но и дека протоколот го прекршил со самото напуштање на Португалија.

По овој повод се огласи и претседателот на Јувентус Андреа Ањели.

„За ова прашање треба да го контактирате Министерството за здравство, кризниот штаб и оние кои ги спроведуваат државните закони, од нив побарајте објаснување. Јувентус следи и го спроведува државниот протокол. Јас сум спортски работник и не знам дали Роналдо го прекршил законот“, изјави Ањели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Преодниот рок заврши, но за Димитриевски се отвори нова можност – еве каде може да продолжи својата кариера!

Столе Димитриевски, кој сака да замине од Валенсија поради недоволната минутажа, сега ја р…