Дома Фудбал Италија Ањели: Не сме се откажале од Суперлигата! Ни беше чест што Роналдо играше за нас

Ањели: Не сме се откажале од Суперлигата! Ни беше чест што Роналдо играше за нас

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели изјави дека клубот се уште не се откажал од европската Суперлига.

Ањели имаше денес традиционална средба со акционерите, а меѓу другото зборуваше и за Кристиано Роналдо.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Финансиската година ја завршуваме со загуба од 210 милиони евра. Ќе побараме зголемување на капиталот за нови 400 милиони евра. Суперлигата беше формирана од 12 клуба кои знаат дека на фудбалот му треба промена. Јас не се откажувам од Суперлигата, на системот му треба промена и Јувентус сака да биде дел од него“, изјави Ањели.

„Беше чест и задоволство да се има во тимот најдобриот фудбалер во светот. Можеме само да му се заблагодариме на Кристиано за се што направи за нас. Жално е само што, од трите години во кои беше тука, година и половина игравме без публика“, додаде претседателот на Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челси го договoри првиот трансфер за јануари… 2028 година

Челси го договори трансферот на еквадорското чудо од дете Дејнер Ордонез, кој официјално ќ…