Дома Фудбал Италија Ањели испратил порака до Роналдо: Еден за сите, сите за еден (ФОТО)

Ањели испратил порака до Роналдо: Еден за сите, сите за еден (ФОТО)

Кристиано Роналдо и неговиот црвен картон против Валенсија и понатаму се топ тема во спортските медиуми.

Португалецот имаше неславно деби за Јувентус во неговото омилено натпреварување, Лигата на шампионите. Судијата Феликс Брих после сугестија на помошникот Фриц на Роналдо уште во првото полувреме му го покажа патот кон соблекувалната.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Уште во прв момент беше јасно дека оваа ситуација ќе биде нешто за кое ќе се дебатира во наредните денови.

Во моментите кога Роналдо беше разочаран фоторепортерите направија една фотографија која подоцна со брзо ја раширија навивачите на „старата дама“. Токму таа фотографија ја искористи и претседателот на клубот, Андреа Ањели за да испрати порака до Португалецот.

Покрај фотографијата Ањели додал и опис: „Еден за сите сите за еден“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …