Дома Трансфер зона Ајакс веќе ја донесе замената за Де Лихт

Ајакс веќе ја донесе замената за Де Лихт

Ајакс објави дека Лисандро Мартинез стана нов член на холандскиот клуб.

21-годишниот стопер, кој може да игра и левата бековска позиција потпиша четиригодишен договор со опција за продолжување, откако во понеделникот ги помина лекарските прегледи.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Директорот на Ајакс, Марк Овермарс изјави дека од Мартинез во Амстердам се очекува многу.

„Мартинез е играч кој може да игра на повеќе позиции во одбраната. Тој е стопер кој сака да игра напред. Тој носи одреден менталитет кој можеме добро да го искористиме овде, споредбено со она што го покажува неговиот сонародник Нико Таљифико.“

„Лисандро е се уште млад, па очекуваме во наредните години дополнително да се развива во уште подобар играч.“ – додаде Овермарс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Посакуваниот напаѓач потпиша за Јувентус

Јувентус официјално објави дека го привлекол напаѓачот Џонатан Дејвид. Канадскиот репрезен…