Дома Трансфер зона Атлетико се пофали: Облак останува верен на „јорганџиите“

Атлетико се пофали: Облак останува верен на „јорганџиите“

Претседателот на Атлетико Мадрид Енрике Серезо ги израдува навивачите на клубот и потврди дека голманот Јан Облак потпишал нов договор.

„Доколку тоа досега не беше јасно, Облак го продолжи договорот“, рече Серезо без да соопшти какви било други детали од договорот на Словенецот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Јан Облак е еден од најдобрите светски голмани, па многу европски гиганти, пред се ПСЖ, покажуваа сериозен интерес за неговиот потпис.

Во минатиот договор на Облак имаше откупна клаузула од 100 милиони евра, која „светците“ беа спремни да ја платат.

Се уште не се откриени деталите од новиот договор и колку ќе изнесува новата откупна клаузула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…