Дома Трансфер зона Атлетико може да купи еден фудбалер до ноември

Атлетико може да купи еден фудбалер до ноември

Раководството на Атлетико Мадрид има дополнителен еден месец за нови засилувања поради активираната клаузула на Томас Парти.

Арсенал ја активираше откупната клаузула од 50 милиони евра на Томас Парти во последниот ден од преодниот рок, па Атлетико немаше време да доведе замена.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Според правилата на Ла Лига „јорганџиите“ имаат право да донесат уште еден фудбалер во следните 30 дена како замена за Парти. Меѓутоа, тоа можат да го направат само за 25% од добиената сума за продадениот играч.

Арсенал плати 50 милиони евра за Томас Парти, па Атлетико ќе има на располагање само 12,5 милиони евра да купи негова замена.

„Јорганџиите“ во последниот ден од трансфер пазарот го комплетираа трансферот на Лукас Тореира, па тренерот Симеоне се изјасни дека нема потреба од друг фудбалер во средниот ред.

И покрај тоа, шпанските медиуми шпекулираат со имињата на Кондогбија од Валенсија и Арамбари од Гетафе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед ја купува незадоволната ѕвезда на Челзи

Oфанзивецот на Челзи, Кристофер Нкунку сака да го напушти клубот во текот на зимскиот прео…