Едисон Кавани на лето најверојатно ќе се пресели во Атлетико Мадрид, но „јорганџиите“ се во потрага по уште еден напаѓач.
Диего Коста на лето готово сигурно ќе си замине, а Симеоне како негова замена го сака напаѓачот на Арсенал, Александер Лаказет.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мадритскиот весник „Марка“ тврди дека Диего Симеоне и управата на Атлетико веќе почнале да работат да го доведат Французинот во Мадрид.
Оваа сезона Лаказет има девет голови и три асистенции на 26 натпревари за Арсенал, но не е задоволен од својот статус во тимот.
Арсенал за неговата слобода бара 50 милиони евра, сума која
Атлетико е спремен да ја плати.