Дома Трансфер зона Атлетико и три англиски клуба го сакаат Вајналдум

Атлетико и три англиски клуба го сакаат Вајналдум

Mинатото лето откако му заврши договорот со Ливерпул, Вајналдум се пресели во ПСЖ како големо засилување, но во Париз работите не одат според очекуваљата.

Вајналдум најверојатно на лето ќе го напушти ПСЖ, а интерес за него покажуваат Атлетико Мадрид, Вест Хем, Астон Вила и Њукасл.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Англиските медиуми пренесуваат дека ПСЖ е спремен да го пушти на лето и за неговата слобода бара 25 милиони евра.

Њукасл се обиде да го донесе уште во зимскиот преоден рок, па сигурно ќе биде главен кандидат за неговиот потпис и на лето.

Меѓутоа, Холанѓанецот преферира преселба во Атлетико Мадрид, па дури е спремен да прифати помала плата.

Симеоне верува дека Вајналдум одлично ќе се вклопи во неговиот стил на игра и сака да ја победи конкуренцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…