Дома Фудбал Атлетико и Барса трошат многу повеќе од Реал Мадрид!

Атлетико и Барса трошат многу повеќе од Реал Мадрид!

Со децении навикнавме кога ќе се споменат големи суми на пари потрошени на засилувања, првата асоцијација да ни биде Реал Мадрид.

„Кралскиот“ клуб со причина доби таква репутација поради големите пари кои ги трошеше на нови ѕвезди, но во последните години тоа драстично се промени.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Според податоците кои ги изнесоа медиумите во Шпанија, Реал Мадрид во последните три сезони потрошил 249 милиони евра на засилувања, но тоа е доволно само за трето место во Шпанија.

Убедливо прва е Барселона која на засилувања потрошила дури 613 милиони евра, од кои најмногу пари се потрошени на купувањето на Кутињо и Дембеле, а пред Реал е и градскиот ривал Атлетико Мадрид кој потрошил 307 милиони евра.

Се чини дека тоа може да се промени наредното лето бидејќи Реал Мадрид спрема голема реконструкција наредното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Адеми потпиша за Ујпешт

Арјан Адеми, некогашен член на македонската репрезентација, стана дел од унгарскиот прволи…