Атлетико Мадрид уште во летото потроши 102 милиони евра за засилувања кои пристигнуваат на први јануари, а сега го завршија трансфер за наредното лето.
Диего Коста и Витоло се бидат засилувања за вториот дел од сезоната, додека играчот за врска на Виљареал, Родри ќе пристигне на крајот на сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мадриѓаните постигнаа договор со „жолтата подморница“ за Родри следното лето да се пресели во Атлетико за сума од 20 милиони евра, плус додатни 5 милиони преку евентуални бонуси.
За овој играч за врска интерес имаше од многу европски гиганти, меѓу кои и Барселона, па поради тоа „јорганџиите“ мораа што побрзо да реагираат.
Родри е дефанзивен играч за врска кој многу потсетува на Серхио Бускетс, а за Атлетико ќе потпише договор до 2023 година.