Maкедонскиот фудбалски интернационалец Давид Атанаскоски доби големо признание во Казахстан.
Имено, голот на Атанаскоски во полуфиналето меѓу неговиот Шахтар Караганди и Тобол е прогласен за гол на 2021 во првенството на Казахстан. Атанаскоски испрати вистинска „бомба“ од 30-тина метри и сосема заслужено го понесе признанието.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ќе потсетиме, Атанаскоски на почетокот на оваа сезона се пресели во редовите на Шахтар, претходно една сезона го носеше дресот на Македонија Ѓорче Петров.