Се засилија шпекулациите за можен трансфер на Јосип Иличиќ од Аталанта во Милан.
Според „Скај Италија“ раководството на „росонерите“ веќе има комплетен договор со 33-годишниот фудбалер.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Милан најверојатно ќе се раздели со Кастиљехо, па верува дека Иличиќ ќе биде одлична опција за десната крилна позиција.
Вчера тренерот на Аталанта, Гасперини потврди дека Словенецот побарал од раководството да му биде дозволен трансфер бидејќи сака ново искуство.
Милан сака да плати симболична сума од 5 милиони евра, па наскоро ќе започне преговори со Аталанта.