Ливерпул ќе биде пред вистински предизвик во своите редови да успее да го задржи Мохамед Салах, пишува „АС“.
Мадридските медиуми на насловната страница донесуваат приказна дека три европски гиганти ќе започнат акција за доведување на одличниот Египќанец. Истиот извор пишува дека Салах во свите редови го сакаат Баерн, Ливерпул и најголемиот ривал на Ливерпул, Манчестер Јунајтед.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Реал Мадрид минатата година безуспешно се обиде да го доведе одличниот играч кога „Црвените“ бараа повеќе од 180 милиони фунти, но со враќањето на Зидан ситуацијата се промени. Запрашан каде ќе игра следната сезона откако што ја освои Лигата на Шампионите, Салах ништо не сакаше да гарантира.
„Сега не можам да зборувам за својата иднина“, изјави овој 26-годишен по финалниот натпревар.
Токму оваа изјава според пишувањето на „АС“ им дала надеж на споменатите три гиганти да тргнат по египетската ѕвезда. Сите три гиганти се припремаат за револуција во својата екипа и нема дилема дека Салах би бил големо засилување.
Салах на „Енфилд“ пристигна пред две години. Беше платен 42 милиони евра и повеќе од сигурно ги оправда вложените пари.