Дома Фудбал Останато „АС“: ПСЖ започнал преговори со Роналдо

„АС“: ПСЖ започнал преговори со Роналдо

Кристиано Роналдо наводно започнал преговори за трансфер во редовите на ПСЖ.

Како што тврди познатиот шпански медиум „АС“ раководството на ПСЖ го контактирал агентот на Роналдо Жорге Мендеш и ќе се обиде да го убеди Португалецот да се пресели кај нив во летниот преоден рок.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Роналдо има договор со Јувентус до летото наредната година. Италијанските медиуми наведуваат дека новиот тренер на „старата дама“ Масимилијано Алегри не смета на неговите услуги и дал зелено светло за негова продажба.

„АС“ во денешното свое издание изгледа само ги потврдува тие најави на италијанските медиуми. Шпанците пишуваат дека Роналдо е на излезни врати од Јувентус и дека преговорите со Жорге Мендеш се започнати.
Треба да се истакне дека францускиот вицешампион се уште не го контактирал Јувентус.

Се шпекулира дека ПСЖ во понудата за Роналдо би можел да го вклучи Мауро Икарди за кого Јувентус беше заинтересиран пред тој да премине во ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Проблем за Реал, заврши сезоната за Карвахал

Реал Мадрид скапо ја плати победата над Виљареал од 2-0, откако во самиот финиш од мечот т…