Реал Мадрид нема намера да се откаже од Пол Погба ова лето, пишува шпански „АС“ кој на денешната насловна објави голема фотографија од Погба со наслов „Реал не се откажува“.
Maнчестер Јунајтед наводно одбил две понуди на Реал за Погба и со сите сили се обидува да го задржи Французинот во своите редови. Реал веќе потроши 300 милиони евра на засилувања и е спремен да потроши уште 170 милиони евра на еден играч кој Зидан инсистира да го доведе пред почетокот на преодниот рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претставниците на Реал два пати стигнаа во Англија на преговори, но луѓето на Јунајте не се појавиле, а „АС“ смета дека Погба ќе побара од својот клуб да се сретне со Шпанците. Погба се уште не пристигнал припемите на Јунајтед, а Оле Гунар Солскјер изјави дека сака да знае на кого може да смета пред тимот да отпатува во Австрлија каде што ќе ги започне припремните натпревари.
Како што пишува „АС“ Погба не сака да отпаува за Австралија и ќе се обиде да го замоли Солскјер да му го олесни трансферот. Реал е спремен да чека колку што е потребно, а тоа може да биде проблем за Јунајтед затоа што ако Реал го купи после 8-ми август тогаш преодниот рок во Англија ќе биде завршен и ќе не можат да му доведат замена.