Дома Топ вести Асистентот на Анчелоти потврди: Доаѓа ли Елмас? Мислам дека да! (ВИДЕО)

Асистентот на Анчелоти потврди: Доаѓа ли Елмас? Мислам дека да! (ВИДЕО)

Познатиот италијански новинар, Џанлука Ди Марцио вчера вечер пренесе дека Елиф Елмас и Наполи постигнале конечен договор околу неговиот трансфер во клубот од Неапол.

Договор постигнале и двата клубови, па трансферот на Елмас ќе изнесува 16 милиони евра плус четири милиони изразени во бонуси. Со таа сума Елмас ќе стане најскапиот македонски фудбалер.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Според информациите трансферот треба да се заврши во понеделник.

Дека навистина Елмас е пред трансфер во Неапол потврдува одговорот на асистентот на Карло Анчелоти, Давиде Анчелоти.

Фановите го пресретнаа Давиде и му поставија прашање за Елмас на кое тој одговори дека очекува Елмас да пристигне во Наполи.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…