Дома Фудбал Артур: Секој ден се молам Нејмар да се врати во Барселона

Артур: Секој ден се молам Нејмар да се врати во Барселона

Новото засилување на Барселона, Артур Мело во интервју за „Мундо Депортиво“ зборуваше за некои интересни теми поврзани со каталонскиот клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во последно време медиумите во Шпанија одново започнаа да го поврзуваат Нејмар со трансфер во Барселона.

Една од темите на Артур беше токму и можното враќање на бразилската супер ѕвезда. Артур тврди дека тој секојдневно се моли за Нејмар да се врати во Каталонија.

„Секој ден се молам да се врати. Фудбалскиот квалитет на Нејмар никој не може да го оспори, а колку подобри играчи има во тимот, толку е подобро. Навистина се молам, но тој самиот знае што е најдобро за него“, изјави Артур.

Нејмар ќе потсетиме од Барселона си замина за рекорден трансфер во износ од 222 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал може да побара големиот херој на Шпанија, кој е во Барселона

Шпанскиот фудбалски репрезентативец и напаѓач на Барселона, Феран Торес, е опција за новат…