Дома Трансфер зона Артета има план „Б“ ако Одегард се врати во Реал: Германец е прва мета на Арсенал

Артета има план „Б“ ако Одегард се врати во Реал: Германец е прва мета на Арсенал

Приоритет на Арсенал во овој момент е да го задржи Мартин Одегард во своите редови и после истекот на позајмицата.

Тоа сигурно ќе биде тешко затоа што Реал Мадрид ќе бара голема оштета, а во случај ако не успеат во намерата да го задржат Норвежанецот „топџиите“ веќе пронашле нова мета.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Како што пренесува новинарот на „Билд“ Кристијан Флик, фудбалерот на Борусија Дортмунд Џулијан Брант се наоѓа на радарот на Арсенал.

Не е ова првпат Брант да се поврзува со Арсенал, Германецот беше желба на англиската екипа и во јануари, но тогаш Одегард пристигна на позајмица.

Според „Трансфермаркт“ Брант е проценет на 25 милиони евра, но сигурно дека Арсенал ќе треба да плати повеќе ако сака да го доведе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …