Дома Топ вести Артета доби големо засилување: Пристигнува ѕвездата на Лион

Артета доби големо засилување: Пристигнува ѕвездата на Лион

Француските медиуми пренесуваат дека Арсенал е многу блиску до комплетирање на трансферот на ѕвездата на Лион.

Станува збор за 22-годишниот Хусем Оар, талентиран играч за врска со огромен потенцијал, кој го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Оар е поливалентен офанзивен фудбалер кој може да игра на повеќе позиции, а особено е ценет поради своите технички способности.

Оваа сезона блесна во дресот на Лион и одигра 37 меча во сите конкуренции, на кои постигна 9 гола и запиша 7 асистенции, а одлични настапи имаше и во Лигата на шампиони.

За него интерес покажаа уште Јувентус и Лион, но Арсенал успеа да ја победи конкуренцијата, па Артета ќе добие големо засилување во средниот ред.

Се уште не се познати финансиските детали од трансферот, но се претпоставува дека Арсенал за неговиот потпис ќе плати помеѓу 40 и 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…