Дома Трансфер зона Арсенал ја сака новата шпанска ѕвезда

Арсенал ја сака новата шпанска ѕвезда

Англиските медиуми пренесуваат дека Арсенал има ново име на трансфер списокот за следната сезона, а тоа е бисерот на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вилијамс игра одлично во дресот на баскискиот клуб, но ова ќе биде тешка мисија за Арсенал со оглед на фактот дека Билбао е клуб кој тешко ги продава своите фудбалери.

Нико е брат на Инаки Вилијамс, важи за еден од најголемите шпански таленти во моментов и веќе има 10 настапи за шпанската репрезентација.

Тој е дете на Атлетик Билбао и има договор со клубот до 2024 година, а баскискиот клуб прави се за да го задржи во своите редови.

Арсенал ќе има жестока конкуренција бидејќи за Вилијамс се заинтересирани многу европски гиганти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…