Англиските медиуми пренесуваат дека Арсенал е силно заинтересиран за напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен.
Приоритет на Артета ова лето ќе биде доведување на врвен напаѓач, а прва желба е токму Осимен. „Гардиан“ пренесува дека „топџиите“ веќе стапиле во контакт со агентот на напаѓачот.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
„Топџиите“ веруваат дека Нигериецот идеално ќе се вклопи во тимот, бидејќи веќе ја покажа својата класа во Серија А.
Сепак, Наполи нема лесно да се откаже од него и за слободата на Осимен бара 100 милиони евра.
Интерес за Осимен покажува и Њукасл, но тој преферира преселба во Арсенал.