Арсенал е заинтересиран во своите редови да го доведе Џонатан Дејвид пренесуваат медиумите на Островот.
Според информациите најголема желба на Артета за засилување на нападот е токму Канаѓанецот и клубот наскоро се очекува да испрати официјална понуда.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
21-годишниот напаѓач оваа сезона блеска во дресот на Лил и го привлече вниманието на многу европски гиганти, но Арсенал е спремен да ја победи конкуренцијата.
„Топџиите“ се спремни да платат 50 милиони евра за неговиот потпис, сума која ќе ги задоволи апетитите на Лил.
Примарна цел на Арсенал во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач бидејќи Обамејанг замина, а на лето сигурно заминува и Лаказет.