Германскиот репрезентативец, Каи Хаверц од вчера е нов играч на Арсенал, а како што откри експертот за трансфери Фабрицио Романо овој трансфер изнесува 75 милиони евра.
Во минатата сезона, Хаверц за Челзи постигна седум голови на 35 лигашки натпревари и девет кога ќе се сметаат сите 47 натпревари. Со оваа сума Хаверц станува втор најплатен трансфер на Арсенал зад Николас Пепе кој во 2019 година од Лил беше доведен за 80 милиони евра. На оваа листа веројатно ќе има промени затоа што „топџиите“ се спремни да платат 120 милиони евра за Даклан Рајс.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Врвот на кариерата за Германецот беше во 2021 година кога во вториот дел од сезоната под водство на Томас Тухел ја освои Лигата на шампионите каде што во финалето го постигна одлучувачкиот гол.
KH29 🤩
— Arsenal (@Arsenal) June 28, 2023
🛍️ Pick up your very own Havertz 29 shirt on Arsenal Direct 👇
Сепак, англиската јавноста е скептична околу неговиот трансфер во Арсенал. Кога се ќе се собере по неговиот трансфер во 2020 од Леверкузен вреден 80 милиони евра, се памети само по тој гол во финалето.
Порталот „Goal“ во текот на целиот преоден рок ќе ги оценува најголемите трансфери и тоа со три оценки: Од преспектива на оној кој продава, оној кој купува и за самиот играч. Трансферот на Хаверц е оценет со А+ (најдобра оценка) за Челзи (оној кој продава) бидејќи си ја врати вложената сума за играч кој постигна 19 голови во 91 наатпревар.
За самиот играч трансферот е оценет со А- истакнувајќи дека ова за него е шанса за свеж почеток и прилика фудбалскиот свет да го потсети зошто во Лверкузен беше еден од најбараните играчи.
💬 “I’m so glad to join this amazing club – it has such a big history and I hope we can achieve lots of things.”
— Arsenal (@Arsenal) June 28, 2023
🎙️ Hear from @KaiHavertz29 for the first time since becoming a Gunner 👇
Од преспектива на Арсенал трансферот е оценет со најниската оценка Д. Се поставува прашањето дали Хаверц е подобар играч од оние кои Арсенал ги имаше на располагање, но и на која позиција воопшто ќе игра.
Изгледа дека можеби ова ќе биде големо промашување на Арсенал, меѓутоа да оставиме времето да покаже…