Дома Фудбал Англија Арсенал поведе, Вилсон и Ајб погодуваа за пресврт, Бурнемоут испиша историја!

Арсенал поведе, Вилсон и Ајб погодуваа за пресврт, Бурнемоут испиша историја!

Во денешниот натпревар од 23 коло во Премиер лигата, екипата на Арсенал после двете нерешени средби против ВБА и Челзи, запиша изненадувачки пораз во натпреварот против Бурнемоут.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бурнемоут кој се наоѓа во долниот дел на табелата го совлада Арсенал со 2:1. Сите три погодоци на средбата беа постигнати во вториот дел.

Арсенал прв дојде до предност и тоа преку Белерин во 52 минута од натпреварот, Шпанецот шутираше, Беговиќ ја удри топката но не беше доволно да спречи погодок. Изедначување донесе Калум Вилсон во 70 минута, а само четири минути подоцна Џордан Ајб погоди за целосен пресврт.

Овој погодок на Ајб на крајот се покажа и одлучувачки, па домаќинот ги однесе трите бода од оваа средба. Треба да се истакне дека ова е прва победа во историјата на Бурнемоут против Арсенал.



Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал се подготвува за најголемиот трансфер во историјата на фудбалот?

Мајкл Олисе по фантастичните сезони и одличното Светско првенство стана една од најголемит…