Дома Фудбал Англија Арсенал му понудил на Санчез ОГРОМНА плата, дали Чилеанецот ќе остане на „Емирати“?

Арсенал му понудил на Санчез ОГРОМНА плата, дали Чилеанецот ќе остане на „Емирати“?

Иако ова лето се шпекулираше дека и одличниот напаѓач на Арсенал, Алексис Санчез, како и многу други, би можел во астрономски трансфер да ја промени средината, тој се уште е фудбалер на Арсенал, а управата на лондонскиот клуб е спремна на се, само да го задржи на „Емирати“.

Одличниот Чилеанец има договор со Арсенал уште една година, а се шпекулираше дека во своите редови би сакале да го видат, меѓу другите, ПСЖ, Манчестер Сити и Баерн Минхен.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Шпекулациите за заминувањето на Санчез започнаа кога протекоа информации дека се уште не потпишал нов договор со Арсенал, но „Топчиите“ сега одлучиле на својот напаѓач да му понудат астрономска неделна плата, која би го натерела да потпише нов договор.

Имено, според пишувањата на „Daily Mail“, Арсенал му понудил на Санчез договор кој му гарантира неделна плата од дури 300,000 фунти. Потсетуваме, првобитната понуда на Арсенал беше 225.000 фунти неделно, но тоа му било недоволно на Санчез за да ја продолжи соработката со својот сегашен клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фиго до фудбалерите: Сакате помалку натпревари? Ќе добивате и помалку пари…

Легендарниот португалски фудбалер, Луис Фиго им одговори на фудбалерите кои во јавноста се…