Дома Фудбал Англија Арсенал конечно триумфираше, Евертон со второ реми сезонава (ВИДЕО)

Арсенал конечно триумфираше, Евертон со второ реми сезонава (ВИДЕО)

Во рамки на третото коло во Премиер лигата, во терминот од 16:00 часот се одиграа четири меча.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Арсенал успеа да слави над Вест Хем и да ги запише првите три бода. „Топчиите“ славеа со 2:1. Гостите го отворија резултатот благодарение на погодокот на Арнаутовиќ во 25. минута, а Монреал успеа во 30. минута да израмни за реми на полувреме. Во вториот дел, Диоп во 70. минута постигна автогол кој на Арсенал му донесе ново водство.Првата победа и први 3 бода сезонава во домашното првенство на Арсенал ги запечати Велбек со погодок во 93. минута.

Евертон повторно ремизираше со 2:2, овопјат на гостувањето кај Борнмаут. Уште во првиот дел гостите останаа без Ричардсон во 41. минута, кој беше отстранет поради неспортско однесување. Првиот погодок за гостите сепак го постигна Волкот во 56. минута, а Кеан во 66. минута го зголеми водството на тимот од Ливерпул. Потоа Борнмаут сепак успеа да израмни и тоа прво преку Кинг од пенал во 75. минута намали на 1:2, а реми на домашните им донесе Аке со погодок во 79. минута.

Хадешфилд и Кардиф одиграа без погодоци, додека Лестер успеа да триумфира против Саутемптон со 1:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Aрбелоа емотивно се збогуваше со Реал: Сигурно нема да сум дел од тимот на Мурињо!

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, одржа медиумска конференција пред последниот натп…