Јувентус и Арсенал се силно заинтересирани за дефанзивецот на Ајнтрахт и млад француски репрезентативец, Еван Ндика.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
22-годишниот Ндика минатата сезона одигра одлично во дресот на Ајнтрахт Франкфурт и се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Бундеслигата.




Милан во текот на летото испрати понуда за него, но Ајнтрахт не сакаше да го пушти. Меѓутоа, неговиот договор истекува на крајот на сезоната и нема најави за негово продолжување.




Таквата ситуација сакаат да ја искористат Арсенал и Јувентус и веќе ја почнаа битката за неговиот потпис.




„Бјанконерите“ се спремни да го доведат уште во јануари за симболична сума.