Италијанските медиуми пред неколку дена пренесоа дека Арсен Венгер е спремен да направи трампа со Јувентус и да го даде Алексис Санчез за да го добие Мирален Пјаниќ.
Сепак, од оваа трампа нема да биде ништо, а во меѓувреме се појави друг клуб кој сака да профитира и да го донесе Санчез во своите редови, а тоа милански Интер.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Како што пренесуваат италијанските медиуми „нероаѕурите“ се спремни да се откажат од Иван Перишиќ за да го добијат Алексис Санчез. Хрватот е на радарот на „топџиите“, па Венгер смета дека би бил одлична замена за Чилеанецот.
Арсенал и порано покажуваше интерес за Перишиќ па оваа опција воопшто не е нереална, осовено ако се знае фактот дека Санчез не сака да го продолжи договорот и би сакал да се врати во Италија.