Арсенал денес и официјално го потврди трансферот на Јуриен Тимбер од Ајакс.
Дефанзивецот пристигнува од Ајакс во зделка вредна 40 милиони евра, плус додатни 5 милиони евра во бонуси.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
22-годишниот холанѓанец потпиша договор со Арсенал до 2028-мата година, а е второ засилување за „топџиите“ после Каи Хаверц.
„Навистина сме возбудени што ни се приклучи Јуриен. Тој е сестран и млад дефанзивец, ќе се вклопи во нашиот систем и ќе донесе многу квалитет во нашиот тим. Иако е млад, тој веќе постигна многу. Тој има искуство во европските натпреварувања, а освои и трофеи со Ајакс. Со нетрпение очекуваме да му посакаме добредојде и да го интегрираме во тимот“, изјави Артета.