Дома Фудбал Репрезентации Аргентинскиот селектор донел конечна одлука за својата иднина

Аргентинскиот селектор донел конечна одлука за својата иднина

Иако после победата на Аргентина над Бразил во ноември на „Маракана“ во ноември во квалификациите за Мундијалот 2026 се појавија информации дека Лионел Скалони би можел да ја напушти клупата на Аргентина тоа нема да се случи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Скалони на прес-конференцијата по тој натпревар зборуваше за проблеми кои се појавиле, а истите сега изгледа се оставени на страна, па така човекот кој ја донесе светската титула на Аргентина ќе продолжи да биде на клупата.

Во овој момент е извесно дека ќе биде селектор до крајот на Копа Америка која е на програмата следното лето и каде што Аргентина ќе ја брани титулата.

Аргентинските медиуми пренесуваат дека Скалони разговарал со претседателот на сојузот, Клаудио Тапија, па се очекува Скалони да биде на клупата и на Мундијалот во 2026 година.

На кормилото на „Гаучосите“, Скалони е од 2018-та година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Крај на една ера: Барселона дефинитивно се ослободи од својата легенда

Марк-Андре тер Штеген дефинитивно нема да ја брани голот на Барселона во претстојната сезо…