Дома Фудбал Анчелоти ја менува формацијата: Еве како ќе изгледа Реал Мадрид во новата сезона

Анчелоти ја менува формацијата: Еве како ќе изгледа Реал Мадрид во новата сезона

Реал Мадрид веќе неколку години наназад работи на подмладување на тимот, па затоа пристигнаа Џуд Белингам и Арда Ѓулер ова лето.

Според шпанските медиуми, Карло Анчелоти планира промени токкму во средниот ред и Италијанецот би можел да се откаже од својата досегашна формација (4-3-3).


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во разговор со претседателот на клубот Флорентино Перез и директорот Хозе Анхел Санчез, Италијанецот претставил своја идеја за формација 4-4-2. Веќе се најавува и како тимот би изгледал.

Куртоа би бил на голот, како и досега, немаше дилема, додека одбраната нема да претрпи промени во квантитативна смисла. Стопери ќе бидат Милитао и Алаба, по десно ќе дејствува Карвахал, а лево шанса треба да добие Фран Гарсија.

Прилично млада и моќна четворка на средината на теренот ќе ја сочинуваат Чуамени, Валверде, Камавинга и Белингем, па треба да очекуваме намалена минутажа на Модриќ и Крос. Ќе видиме како ќе се снајде 18-годишниот Ѓулер во целата приказна.

Доаѓањето на искусниот Хоселу ги натера навивачите на Реал да размислуваат кој ќе биде во нападот, но тандем од најистурени играчи ќе бидат Бразилците Винисиус и Родриго кои до сега беа поактивни по крилните позиции.

Секако, тоа не значи дека Анчелоти се откажал од 4-3-3, бидејќи така ќе изгледа Реал секогаш кога Хоселу ќе стапне на теренот, што веројатно нема да биде толку често на почетокот. Но да оставиме простор затоа што преодниот рок е се уште отворен, а тука се и шпекулациите за Мбапе…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кејн го собори рекордот на Халанд во Бундеслигата

Хари Кејн го презеде рекордот кој претходно го држеше Ерлинг Халанд, откако ги постигна си…